Линкови за пристапност

Украдената порта од Дахау вратена во Германија


Истрагата за кражбата продолжува

Железната порта со суровиот слоган „Трудот ослободува“ вратена во нацистичкиот концентрационен камп Дахау во Германија, од каде беше украдена пред повеќе од две години.

Во декември, портата беше пронајдена скриена на паркиралиште северно од Берген, Норвешка.

Откако беше украдена, властите ја заменија со копија.

Дахау е првиот нацистички концентрационен камп, основан по преземањето на власта од Адолф Хитлер во 1933-та година. Поголем број од жртвите биле евреи и оние кои се спротивставувале на нацистите.

Пред американските сили да го ослободат кампот на крајот на Втората светска војна, во Дахау биле убиени над 41 000 лица.

XS
SM
MD
LG