Линкови за пристапност

Нема да се прифаќаат нови апликации за ДАКА


Одделот за домашна безбедност на САД најави ревизија на програмата и стопирање нови апликации за тој период

Одделот за домашна безбедност на САД рече дека нема да прифаќа нови апликации за програмата ДАКА, која ги штити од депортација имигрантите кои илегално биле донесени во САД како деца.

Тој, вчера, преку соопштение најави ревизија на ДАКА, и одбивање на нови апликации за тој период.

Постоечките корисници на програмата можат да го обноват нивниот статус и да добијат дозвола за работа за само една година, наместо две, како што беше порано.

Сегашните корисници, исто така, нема да можат да патуваат и повторно да влегуваат во САД, освен во исклучителни ситуцаии.

Ваквата најава предизвика реакции кај активистите за човекови права и демократите во Конгресот.

Претседавачот со законодавната комисија во Претставничкиот дом Џеролд Надлер, го повика Сенатот да го донесе законот за имиграциски реформи, кој веќе бил одобрен од мнозинството демократи во Претставничкиот дом.

Претседателот Доналд Трамп се обиде да ја укине оваа програма, која беше воведена од неговиот претходник Барак Обама во 2012 година, но, Врховниот суд минатиот месец одлучи дека администрацијата на Трамп не ги испочитувала соодветните процедури за нејзино укинување.

Во моментов, со програмата ДАКА се опфатени 650.000 имигранти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG