Линкови за пристапност

Неизвесна иднината на корисниците на ДАКА


Трамп повикува Конгресот да усвои легислатива која ќе им овозможи пат до постојан статус во САД пред програмата да влезе на сила во март 2018-та година

Иднината на речиси 800 илјади недокументирани млади лица дојдени во САД како деца, останува неизвесна, затоа што може да резултира со затворање на Владата на САД.

Претседателот Доналд Трамп ја укина административната мерка на поранешниот претседател Барак Обама претходно оваа година, со што предизвика протести на национално ниво од страна на поддржувачите на програмата ДАКА.

Трамп повикува Конгресот да усвои легислатива, која ќе им овозможи на корисниците на ДАКА пат до постојан статус во САД, пред програмата да влезе на сила во март 2018-та година.

Некои демократи ветија дека ќе гласаат против буџетскиот Предлог-закон, кој не вклучува измени на ДАКА, заканувајќи се со затворање на Владата со кое би се прекинало финансирањето.

Придвижувањето кон двопартиски договор е во ќорсокак, откако пред планираниот состанок во вторникот, претседателот Трамп на Твитер напиша дека тој „не гледа договор“ со демократите во Сенатот и во Претставничкиот дом.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG