Одделот за имиграција на САД вели дека ќе ги разгледа апликациите за обновување на статусот на лицата, опфатени со Програмата за одложено пристигнување деца, позната како ДАКА, а кои беа задоцнети, поради застој на поштенските служби.
Кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп, ја укина програмата ДАКА во септември, дозволи корисниците на програмата, чии бенефиции истекуваат, да ги обноват за последен пат, доколку ги испратат нивните документи за обнова до петти октомври.
Согласно официјалните лица, идејата беше корисниците на ДАКА да не ги изгубат бенефициите за шест месеци, за кога е утврден крајниот рок за обнова на програмата, на 5-ти март, 2018-та година.
Одделот за имиграција вели дека ќе ги исконтактира ДАКА апликантите, кои биле неправедно одбиени, за да ги информира дали треба повторно да ги испратат документите.
ДАКА штити од депортација околу 800.000 недокументирани млади луѓе, кои дошле во САД како деца, и им овозможува работни дозволи, кои треба да бидат обновувани на секои две години.
Facebook Forum