Линкови за пристапност

Тужба против укинувањето на ДАКА


Неколку сојузни држави и главниот град на САД ја тужат федералната влада

Петнаесет сојузни држави и градот Вашингтон ја тужат администрацијата на претседателот Доналд Трамп, барајќи да се запрат плановите за ставање крај на Програмата за одложено пристигнување на деца, позната под кратенката ДАКА (DACA), со која се овозможува млади недокументирани имигранти да бидат изземени од депортација.

Главните правобранители вчера поднесоа тужба во Федерален суд во Бруклин, Њујорк.

Тие тврдат дека одлуката за укинување на ДАКА е неуставна, бидејќи засегнати се лица кои сега се во соодветен правен процес. Генералниот правобранител на сојузната држава Њујорк, Ерик Шнајдерман кажа:

„Ја тужиме федералната влада за да ги заштитиме правата на овие лица, правата на работодавачите кои зависат од нив, училиштата што ги посетуваат и правата на милиони пријатели и роднини кои ги сакаат“.

Досега немаше коментар од Белата куќа. Но, за време на вчерашниот состанок со конгресните лидери, Трамп рече дека е убеден дека законодавците ќе дејствуваат за да ги заштитат 800-те илјади млади луѓе од депортација.

Американскиот претседател на Конгресот му даде шест месеци да се изјасни по прашањето, но рече дека ќе ја преиспита својата одлука за укинување на забраната за депортации, ако Конгресот не дејствува.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG