Осум сојузни држави и главниот град Вашингтон, ја тужат администрацијата на претседателот Доналд Трамп, бидејќи дозволила лице од Тексас да дистрибуира инструкции како да се печати тродимензионално оружје.
Оваа технологија ќе им овозможи на луѓето да произведуваат оружје во нивните домови.
Главниот правобранител на сојузната држава Вашингтон Боб Фергусон ја предводи тужбата.
„Неодамна дознавме дека организацијата `Дифенс дистрибјутид` планира утре да го објави нејзиното оружје на интернет. Имаме намера да спречиме ова да се случи на национално ниво“, изјави Фергусон.
Инструкциите овозможуваат кој било да направи делови за пластичен пиштол со 3Д печатач, и кој би чинел само неколку стотини долари.
Стејт департментот нареди поборникот за права за поседување оружје Коди Вилсон да престане да ги дистрибуира Нацрт-плановите, тврдејќи дека ги прекршува американските закони.
Вилсон, пак, тврди дека со забраната се кршат неговите уставни права, и оти администрацијата на Трамп треба да се повлече од одлуката.
Facebook Forum