Линкови за пристапност

Кралицата Елизабета и Трамп ги посетија ветераните од инвазијата на Нормандија


Светските лидери денес присуствуваа на комеморативна служба за Денот „Д“ во британскиот град Портсмут

Претседателот на САД Доналд Трамп, заедно со британската премиерка Тереза Меј, канадскиот премиер Џастин Трудо, германската канцеларка Ангела Меркел и многу други лидери, денес присуствуваа на комеморативна служба за Денот „Д“ во британскиот град Портсмут.

Настанот вклучуваше музички концерти и читања за историјата, вклучувајќи ја и молитвата што поранешниот претседател на САД Франклин Рузвелт ја прочитал на радио по почетокот на инвазијата во 1944-та година.

Канцеларијата на Меј објави соопштение во кое ја истакна историската меѓународна соработка.

Британската кралица Елизабета Втора, исто така, беше дел од комеморативните служби, вклучувајќи и посета на ветераните заедно со претседателот Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG