Линкови за пристапност

Денот Д се одбележа со ограничен број гости поради ковид-19


Многу локални жители, пак, ги посетија клучните споменици за борбата за да ја искажат нивната благодарност

Со неколку церемонии вчера се одбележа 77-годишнината од Денот Д, кој доведе до ослободување на Франција и Европа од германската окупација, објави Асошиетед прес.

Втора година по ред, комеморациите се погодени од рестрикциите за патување поради ковид-19, кои ги спречија ветераните и семејствата на загинатите војници од САД, Британија и од Канада да отпатуваат во Франција.

Повеќето јавни настани беа откажани, а официјалните церемонии беа ограничени за мал број избрани гости.

За време на викендов, пак, многу локални жители излегоа да ги посетат спомениците, кои ги рефлектираат клучните моменти од борбата, за да ја искажат нивната благодарност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG