Линкови за пристапност

70-та годишнина од Денот Д


90-годишниот воен ветеран, Американецот Морли Пајпер, на церемонијата по повод годишнината од Денот Д во Нормандија.
90-годишниот воен ветеран, Американецот Морли Пајпер, на церемонијата по повод годишнината од Денот Д во Нормандија.

Претседателите Обама и Путин имале неформална куса средба, и покрај оддалечувањето поради руската анексија на Крим.

Белата куќа соопшти дека и покрај оддалечувањето поради руската анексија на Крим, претседателите на САД и Русија, Барак Обама и Владимир Путин сепак поразговарале за време на настаните по повод 70-тата годишнина од инвазијата на Сојузничките сили на Европа што доведе до пораз на нацистичка Германија.

Обама и Путин денес неформално разговарале 10 до 15 минути за време на ручекот во Нормандија што го организирал домаќинот, францускиот претседател Франсоа Оланд.

Претходно, Обама оддаде почит на ветераните од Втората светска војна на церемонијата по повод Денот Д, како што се нарекува инвазијата, инаку армиски термин за почеток на клучна борбена операција. Во говорот на Плажата Омаха, сцената на инвазијата, Обама ги поздрави силите што „дадоа толку многу за опстанокот на слободата во време кога таа беше во максимална опасност“.

Околу 160,000 војници на Сојузничките сили од море и од воздух се истоварија на плажите на Нормандија на 6-ти јуни 1944-та. Иако дента загинаа околу 4.500 од нив, инвазијата на крајот доведе до сојузничка победа ширум Европа.

Обама кажа дека ветераните што учествувале во Денот Д го смениле текот на човековата историја.

„Дојдовме да ја кажеме приказната за луѓето кои го сторија тоа, така што таа ќе остане врежана во сеќавањето на светот во иднина“, рече Обама.

Отворајќи ја церемонијата, францускиот претседател Франсоа Оланд кажа: „Должни сме да се сеќaваме на оние кои загинаа за нас. Должни сме - во однос на подготвеноста на Франција - да бидеме присутни насекаде, свесни дека истото доаѓа со долгата историја и дека допрва треба да се исполни судбината на целиот свет“.

На церемонијата присуствуваа илјадници воени ветерани, како и водачите на 18 земји.
XS
SM
MD
LG