Линкови за пристапност

Парламентот на Кипар заседава, банките остануваат затворени


Законодавците во Кипар дискутираат по ревидираната легислатива за генерирање фондови за банките во малата држава кои западнаа во тешкотии.

Нацрт-законот по кој се расправа би го запрел оданочувањето на заштедите што е различно зависно од сумата. Сметките кои содржат над 131.000 долари би биле предмет на данок од 9,9 проценти, додека сметки меѓу 25.000 и $131.000 би платиле 6,75 проценти. Сметките со помалку од 25.000 долари нема да бидат оданочени.

Нивоата на оданочување се ревизија на планот што предизвика реакции низ цел Кипар бидејќи предвидуваше оданочување на сите банковни сметки, дури и на најсиромашните.

Кипарските банки се затворени до четврток за да се избегне повлекување на готовината од страни на испаничените инвеститори.

Во понеделникот берзите во светот паднаа по веста за настаните во Кипар што ги вознемири инвеститорите.
XS
SM
MD
LG