Линкови за пристапност

Последен обид за обединување на Кипар?


Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на кипарските Грци им рече да престанат да сонуваат дека 35.000 турски војници ќе го напуштат поделениот остров.

Тој додаде дека новиот круг на преговори треба да биде последен обид за решавање на деценискиот спор околу Кипар:

„Ние нема бесконечно да преговараме. Треба да се стави крај“.

Неговиот грчки колега, министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, рече дека турската страна останала истите позиции.

Кипарските Грци бараат турските сили да го напуштат островот, што е една од главните пречки за постигнување договор за обединување по 43 години.

Кипарските Турци сакаат турската армија да остане заради нивната безбедност. Грчките официјални претставници од Никозија велат дека континуираното присуство на турската војска претставува закана за стабилноста.

Турските трупи окупираа дел од Кипар во јули 1974-та година, по државниот удар во Никозија, чија цел беше обединување на островот со Грција.

Кипар оттогаш е поделен меѓу две администрации – на кипарските Грци на југ и кипарските Турци на север, одвоени со мировници на ОН. Досега само Турција го призна северот, додека грчкиот дел на југ е меѓународно признат и има придобивки од членството во Европската унија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG