Линкови за пристапност

Почнаа преговорите за обединување на Кипар


Разговорите меѓу лидерите ќе траат од денес до среда, а в четврок ќе се одржи Конференција на ОН во Женева

Лидерите на етничкиот поделен Кипар ќе почнат интензивни мировни разговори, со цел да постигнат договор, како дел од преговорите предводени од Обединетите нации за обединување на островот.

Преговорите меѓу претседателот на Кипар Никос Анастасиадис, лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџа и на нивните олеснувачи, ќе траат од денес до среда.

В четврок, пак, ќе се одржи Конференција за Кипар во европското седиште на Обединетите нации во Женева, на која ќе учествуваат и други држави.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кој се очекува да присуствува на Конференцијата, ги опиша преговорите како „историска можност“ за промени и продор.

Претходниот план за мировен договор, кој предвиде референдум во 2004-та, беше прифатен од кипарските Турци, но одбиен од кипарските Грци.

XS
SM
MD
LG