Французинот Роберт Маршанд, за еден час во сала на затворено со велосипед извозе 22,547 километри, и постави рекорд во категорија натпреварувачи стари над 105 години.
"Не сум уморен. Мислев дека ќе ме болат нозете, но тоа не е случај. Ме болат рацете. Мора да ве боли некаде!", изјави Маршанд по подвигот.
Ова не е негово најдобро постигнато време. Пред три години, овој пожарникар во пензија, за еден час помина 26,927 километри, што исто така беше светски рекорд во категоријата лица со над 100 години.