Линкови за пристапност

Разбиена група која користела малициозен софтвер за да украде 100 милиони долари


Криминалната кибернетска мрежа хакирала повеќе од 41.000 компјутери со малициозниот софтвер GozNym во обид да украде повеќе од 100 милиони долари од банкарски сметки

Официјални лица соопштија дека десетици илјади бизниси и други организации во Северна Америка и Европа биле цел на кибернетски криминал во последниве години.

Во четвртокот, американскиот обвинител отвори случај против обвинети во пет земји кои за извршување на кривичните дела го користеле малициозниот софтвер GozNym.

Претставници на полицијата од Северна Америка и Европа соопштија дека криминалната кибернетска мрежа, составена од 11 лица, инфицирала повеќе од 41.000 компјутери со помош намалициозниот софтвер GozNym во обид на украде повеќе од 100 милиони долари од банкарски сметки.

„Компјутерскиот криминал е меѓународен проблем кој бара меѓународно решение. Тоа е навистина криминал без граници. На мета се луѓе низ целиот свет и со еден клик може да предизвика милиони долари загуба за поединци и бизниси. Овие криминалци, нивните сервери и нивната организација може да бидат буквално насекаде во светот. Оттука, компјутерскиот криминал претставува криминална активност со големина и обем какви што не гледаме во други области на криминални активности“, вели адвокатот Скот Брејди.

Шестмина од осомничените се во притвор во САД, Грузија, Молдавија и Украина.

Петмина Руси вклучени во мрежата се на слобода.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG