Стручњаците и инвеститорите внимателно ја следат трговијата зашто побарувачката на потрошувачите движи околу 70 проценти од американската економска активност. Американската економија е најголема во светот и клучен пазар за многу извозници во светот.
Две групи кои ја следат Интернет продажбата предвидуваат дека ова ќе биде рекорден „Кибернетски понеделник“, кога купувачите се враќаат на работа по долгиот празничен викенд за Денот на благодарноста. Националната федерација за малопродажба предвидува дека 122 милиони Американци ќе купуваат преку Интернет во понеделник, вклучувајќи ги и оние кои користат компјутери на работните места за таа намена.
Предвидувањата на силна продажба во понеделник уследија по силната продажба на „Црниот петок“, денот по Денот на благодарноста, што скокна за 6,6 проценти од истиот ден пред една година, и претставува 11,4 милијарди долари од малопродажбата.
Многумина трговци велат дека длабоките снижувања ги убедиле внимателните потрожувачи да трошат пари. Но некои аналитичари предупредуваат дека по „Црниот петок“ и „Кибернетскиот понеделник“ промоциите ќе престанат и потрошувачката ќе замре.