Линкови за пристапност

Илајџа Камингс - шампион во вистина, правда и љубезност

Политичари од Вашингтон и обични луѓе се собраа во црквата во Балтимор да му оддадат почит на починатиот конгресмен

Поранешните претседатели на САД Барак Обама и Бил Клинтон, му оддадоа почит на конгресменот и борец за човекови права Илајџа Камингс, на денешната комеморативна служба во родниот град Балтимор, пренесе Асошиетед прес.

Клинтон, во неговиот говор, ги истакна ораторските вештини на конгресменот, сеќавајќи се и на неговиот препознатлив длабок глас.

Обама, пак, рече дека кога патот напред изгледа тежок, тогаш гласот на Камингс е потребен најмногу.

Тој додаде дека Камингс бил потсетник дека секој има обврска да ја чува и штити демократијата.

Сопругата на Камингс, според извештајот на Асошиетед прес, рече дека нејзиниот сопруг бил човек со интегритет, потенцирајќи ја неговата длабока љубов кон конгресната работа и кон Балтимор.

„Нашиот Илајџа беше шампион во вистина, правда и љубезност“, додаде поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.

Погребот на Камингс собра политичари од Вашингтон и обични луѓе во црквата во Балтимор, во која тој се молеше речиси четири децении, меѓу кои и демократските претседателски кандидати Џо Бајден, Елизабет Ворен, Камала Харис и Ејми Клобучар.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, го нарче Камингс „ѕвезда Северница“, и колега кој секогаш чувал слободно место за другите на маса.

Стотици други граѓани се собраа пред црквата во чест на сеќавање на Камингс.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG