Линкови за пристапност

Средба на Кастро со американски законодавци


Кубанскиот претседател Раул Кастро се сретна со група американски законодавци кои бараат ослободување на американски граѓанин кој е во затвор во Хавана од 2009.

Соопштението од кубанската влада вели дека Кастро и американската делегација предводена од демократскиот сенатор Патрик Лехи дискутирале за прашања „од интерес за двете земји“.

Конгресната делегација сака кубанските власти да го ослободат Алан Грос, осуден на 15 години затвор откако бил уапсен заради поседување на опрема за комуникација. Грос бил во Куба работејќи под договор за програма на американскиот Стејт департмент.

Хавана понудила ослободување на Грос во замена за петмина кубански шпиони фатени во САД во 1990-те кои се на отслужување на долги затворски казни. Но Вашингтон одбил таква размена.
XS
SM
MD
LG