Овој месец се навршуваат 50 години од кубанската ракетна криза – конфронтација меѓу САД и Советскиот сојуз, што го доведе светот на работ на нуклеарна војна. Историчарите велат дека има неколку клучни настани што довеле до одлуката на советскиот лидер Никита Хрушчов да стационира нуклеарни проектили во Куба.
Во јануари 1961 Џон Ф. Кенеди дојде на функцијата претседател на САД. Една од неговите најголеми надворешно-политички дилеми била како да се справи со Фидел Кастро, кубански националист кој во 1959 го соборил од власт генералот Фулгенцио Батиста, претседателот на државата кого САД го поддржувале. Кастро потоа се сојузил со Советскиот сојуз.
Во април 1961, Кенеди ја започна инвазијата на Заливот на свињите, неуспешен обид од сили обучени од ЦИА на Кубанци во егзил за соборување на Кастро.
Сергеј Хрушчов, син на поранешниот советски лидер, кажа дека Москва морала да му помогне на Фидел Кастро.
„Советскиот сојуз, суперсила, имаше обврска да ги брани своите сојузници и нивните клиенти, дури и ризикувајќи нуклеарна војна“, рече тој. „Советското разузнавање собрало информации дека Американците планирале инвазија на Куба, некое време есента, можеби во октомври. И во текот на тој период, Куба за Советскиот сојуз станала исто што Западен Берлин бил за САД – мало, некорисно парче земја, длабоко во непријателска територија “, кажа Хрушчов.
Грем Алосон, автор на книга за кубанската ракетна криза, во тоа време кажа дека Советскиот сојуз имал огромна предност на САД во однос на конвенционални трупи во Европа.
„САД беа определени да го бранат Западен Берлин, по секоја цена“, кажа тој. „Хрушчов се обидуваше „да го реши тој проблем“ што за него значеше абсобирање во советската сфера. И САД, и под Ајзенхауер и под Кенеди, биле определени да не дозволат тоа да се случи и биле подготвени за тоа да ризикуваат нуклеарна војна. Така, берлинските настани биле на некој начин двојник на кубанската ракетна криза“, рече Алисон.
Сергеј Хрушчов истото тоа го видел, но од советска и кубанска перспектива.
„Ако не го браните, дури и со ризикување нуклеарна војна“, вели тој, ќе го загубите образот и вашите сојузници ќе ја изгубат вербата во вас. Многу слична ситуација имаше на двете страни“, кажа Хрушчов.
Во јуни 1961, претседателот Кенеди и советскиот лидер Хрушчов имале самит во Виена, Австрија. Прашањето на Западен Берлин доминирало на агендата, но немало прогрес. Многу експерти велат дека Хрушчов дошол со верување дека американскиот претседател е неискусен и слаб, и дека тоа довело до одлуката на советскиот лидер да стационира проектили во Куба.
Конечно, многу аналитичари, вклучувајќи го и Грем Алисон, кажаа дека Москва имала и друг мотив да му помогне на Кастро. „Од перспектива на Хрушчов и Советскиот сојуз ова беше за нив успешна приказна и се трудеа да ја одржат во живот“. Тој напор, велат експертите, го довела светот до раб на нуклеарна војна.