Линкови за пристапност

Трамп: Нема да молчиме пред комунистичкото угнетување


Претседателот најави повлекување на мерките кон Куба, воведени од Обама, и воведување нови регулативи за туризам и за бизнис

Претседателот на САД Доналд Трамп од денес почнува со повлекување на некои од мерките на неговиот претходник Барак Обама, кои требаше да значат зближување со Куба, по речиси повеќе од половина век изолација од САД.

„Нема повеќе да молчиме пред комунистичкото угнетување“, најави Трамп во Мајами, нагласувајќи дека мерките ќе стапат во сила веднаш, и оти САД ќе спроведат забрана за туризам, и забрана за правење бизнис со островскиот воен конгломерат.

Трамп изјави дека ваквите мерки се предизвик за Владата на Куба да излезе со нов договор, кој ќе биде во интерес на кубанскиот и на американскиот народ.

Официјален претставник на Белата куќа вчера изјави дека „политиката диктира воведување нови регулативи, чиј ефект ќе се почувствува веднаш штом ќе стапат во сила“.

Од Белата куќа велат дека Вашингтон се надева оти „кубанскиот режим ќе види можност за промена на реформите, кои не се имплементирани за бенефит на кубанските граѓани“

Тој изјави дека идејата за нова регулатива е резултат на акциите преземени од претходниот претседател Барак Обама, кои, според него, ја помагале кубанската екомомија и разузнавачки агенции.

Најголемата забелешка за Куба е непочитувањето на човековите права, односно репресивниот однос на Кубанската влада кон критичарите на режимот, а админситрацијата на Трамп најави дека некои делови од поранешниот договор со Куба, нема да бидат променети.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG