Во торнадото кое го погоди главниот град на Куба во неделата загинаа три лица, а 172 беа повредени.
Француската новинска агенција АФП соопшти дека торнадото превртело возила, искорнало дрвја а дел од градот останал без електрична енергија.
Спасувачки екипи помогнале во евакуацијата на болница која останала без струја.
Брзината на ветровите била околу 100 километри на час.
Претседателот Мигуел Дијаз-Канел ги посети погодените области на Хавана и на Твитер објави дека „штетата е голема“.
Facebook Forum