Линкови за пристапност

Ролинг Стоунс пред историски концерт во Куба


Важен настан за Куба, за бендот и за љубителите на нивната музика

Исто како и во нивната песна „Времето е на моја страна“ Ролинг Стоунс се на сцената доволно долго за да ја видат промената на ставот на Куба спрема нивната музика.

На комунистичкиот остров музиката на Ролинг Стоунс беше забранета, бидејќи се сметаше за субверзивна.

Но, тоа се промени со затоплувањето на односите на Куба со Западот.

Стоунсите пристигнаа во Хавана во четвртокот пред нивниот историски бесплатен концерт во главниот град.

„Сме настапувале на многу значајни места за време на нашата долга кариера, но овој концерт во Хавана ќе биде многу важен за нас и се надеваме и за сите наши пријатели во Куба “ изјавија од бендот пред пристигнувањето.

XS
SM
MD
LG