Линкови за пристапност

Нови протести во Куба, Владата вели дека тие се план на Вашингтон


Од протестите во јули
Од протестите во јули

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ја повика Кубанската влада да ги почитува правата на граѓаните на мирен собир

Поддржувачи на кубанската опозиција денес повикаа на граѓански марш за промена во Куба.

Кубанската влада, пак, ја предупреди опозицијата дека нема да толерира „контрареволуционерни“ и „терористички“ акции за време на демонстрациите, што Владата вели дека верува оти се дел од американскиот интервенционистички план.

Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез го нарече протестот „дестабилизирачка операција дизјанирана во Вашингтон“.

Кубанските активисти, исто така, планираат да организираат протести низ цел свет, вклучително и во Мајами, каде има голема кубанска заедница.

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен вчера рече:

„Ја повикуваме Кубанската влада да ги почитува правата на Кубанците, дозволувајќи им мирно да протестираат и да го кренат нивниот глас без страв од одмазда од Владата или насилство, како и преку одржување на Интернетот и телекомунакциите отворени за слободна размена на информации“.

Во јули полицијата и војската на Куба растурија мирни демонстрации, при што илјадници беа уапсени, а многумина се` уште се соочуваат со обвиненија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG