Линкови за пристапност

Куба ослободи десетици политички затвореници


Американските власти велат дека чекорот е во согласност со договорот за нормализирање на односите меѓу двете земји.

Американската влада вели дека заклучно со понеделник, Куба ослободила 53-ца политички затвореници, согласно договорот од минатиот месец кога обете земји за нормализирање на дипломатските односи.

Виш американски владин претставник изјави дека кубанската влада држела некои од притворениците заради промовирање на политички и социјални реформи во Куба.

„Го поздравуваме овој позитивен развој и задоволни сме што кубанската влада го исполни ветувањето. Нашиот Оддел за интереси во Хавана, беше во можност да ги верификува овие ослободувања“, истакна американскиот претставник.

Кубанска дисидентска група мината недела соопшти дека најмалку 35 политички затвореници се ослободени како дел од договорот за подобрување на односите со САД.

XS
SM
MD
LG