Скенирања покажале „значителни промени во неврологијата“ на мозокот кај 40 вработени во американската амбасада во Куба кои во 2016-та година се пожалија на мистериозни симптоми, се вели во нова студија.
Дипломатите изјавија дека имале болки во увото, главоболки и проблеми со меморијата, концентрацијата, рамнотежата, спиењето и други потешкотии.
Подоцна се појавија теории дека симптомите се резултат на користење на оружје кое емитира звук или микро бранови, но истражувачите не можеа да ги поврзат резултатите со влијанието врз здравјето.
Кубанската влада го повика Вашингтон да престане да манипулира со инцидентот со цел да ги оправда санкциите против Хавана.
Вработените во американската амбасада соопштија дека слушаат гласно зуење и механички звуци. Администрацијата на Трамп инцидентот го нарече „сонарен напад“ по што Стејт департментот го намали персоналот во амбасадата за повеќе од половина.
Дипломатите во канадската амбасада се пожалија на слични симптоми. Петмина од нив и нивните семејства сега ја тужат канадската влада, велејќи дека властите „ја минимизирале сериозноста на ситуацијата ... сокриле критични информации за здравјето и безбедноста и дале лажни и непотполни информации за дипломатскиот персонал“.
Facebook Forum