Кубанците тагуваат по Фидел Кастро, револуционерниот лидер, чија смрт беше објавена во саботата.
Знамињата низ државата се спуштени на половина копје, а се организираат и бројни комеморации.
Кастро, кој долго време беше болен, почина доцна во петокот на 90-годишна возраст. Причината за смртта не беше откриена.
Во среда, неговите посмртни останки ќе бидат носени во тридневна церемонија, и тоа кон исток, спротивно на рутата по која заедно со бунтовничките сили се упатил кон Хавана, пред да ја преземе власта во јануари, 1959-та година.
Кастро ќе биде погребан на 4-ти декември на гробиштата Санта Ифигенија во Сантијаго де Куба.