Линкови за пристапност

Мекејн не може да ја разбере грчката чувствителност во врска со името


Мекејн не може да ја разбере грчката чувствителност во врска со името
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:19 0:00

Сенаторот коментираше на диксусија во Вашингтон за иднината и предизвиците на НАТО во Вашингтон

Републиканскиот сенатор Џон Мекејн и неговиот демократски колега Крис Марфи синоќа во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон учествуваа во меѓупартиска дискусија за иднината на НАТО и предизвиците за Алијансата, пред редовната годишна Минехенска конференција за безбедност.

На прашање од директорот на Обединетата македонска дијаспора Методија Колоски за улогата на Конгресот во надминување на македонско-грчките билатерални предизвици, сенаторот Марфи од Невада, инаку претседавач на Европскиот поткомитет на Сенатската комисија за надворешни работи, коментираше дека е важно да дојде до Самит на НАТО за проширување и најави дека на Минхенската конференција и во други прилики ќе разгледа како Македонија и Грција би го интензивирале дијалогот.

Републиканецот од Аризона, член на Сенатската комисија за надворешни работи и поранешен претседателски кандидат Џон Мекејн изјави:

„За случајот со Македонија и Грција, за многу од нас е едноставно несфатливо - иако постојано сме сме брифирани за тоа - колку им е важно името на нашите грчки пријатели. Јас ќе продолжам да се надевам дека ова ќе се реши, но името Македонија да претставува таква навреда на нашите пријатели во Грција, јас не можам да разберам, можеби не сум толку мудар“.
XS
SM
MD
LG