Американскиот Црн петок или „Black Friday“ го има и во Северна Македонија. Македонските сопственици на продавници и трговски објекти имаат големи реклами за попусти, но граѓаните велат дека не се реални.
Од тие причини и интересот за овие таканаречени попусти е незначителен. Сопствениците на дуќани, ни рекоа дека попустите кои ги нудат се во рамките на нивните можности.
Од Организацијата на потрошувачи велат дека се сведоци на секојдневни поплаки од страна на граѓаните. Но пазарната инспекција е надлежна тоа да го контролира.
Вангел Спироски, претседател на Организација на потрошувачи на Охрид, апелира да не се купува од непроверени интернет продавници, од Фејсбук, Инстаграм, заради тоа што не се добива сметка, тие „трговци“ немаат регистрирано продавница, и купувачите едноставно не се заштитени.