Линкови за пристапност

Граѓанските здруженија сакаат да се дел од дијалогот за кризата во Македонија


Macedonia NGO
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:01:02 0:00

Додека не бидат слушнати, нивната политичка борба останува на улиците, велат тие

Невладините организации и здруженија што ги поддржуваат протестите во земјава против одлуката на претседателот Иванов за помилување на десетици политичари од вчеравечер излегоа со платформа составена од седум барања која всушност е дополнување на нивната листа на која првично стоеја три услови.

Граѓанскиот сектор бара итно повлекување на одлуката за аболиција за сите оние против кои се води истрага и против кои СЈО покренало обвинение, неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, создавање специјално одделение во Кривичниот суд надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, повлекување на одлуката за одржување на изборите на 5-ти јуни,вклучување на граѓанското општество во решавањето на кризата, формирање преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

Дотогаш, како што велат невладините организации, нивната политичка борба останува на улиците.

XS
SM
MD
LG