Линкови за пристапност

Зголемена радијација и пожар додадени на јапонската нуклеарна криза


Зголемена радијација и пожар додадени на јапонската нуклеарна криза
Зголемена радијација и пожар додадени на јапонската нуклеарна криза

Емисијата на радијацијата во среда била зголемена до ниво што ги натерало властите привремено да ги евакуираат сите техничари од објектот

Националната телевизија покажа слики на хеликоптери подготвени да испуштат вода на оштетениот реактор број 3 во централата Фукушима, во очајнички обид да ја намалат температурата и да спречат прачките на нуклеарно гориво да се стопат во внатрешноста на реакторот.

Но телевизијата извести дека армијата се откажала од планот откако друг хеликоптер ја измерил радијацијата над централата. Главниот секретар на кабинетот Јукио Едано кажа дека нови подготовки биле во тек доцна во среда да почнат да вбризгуваат вода во оштетениот реактор од земја.

Јапонците во среда се разбудија со слики од нов пожар во ректорот број 4 на централата Фукушима , каде двочасовниот оган во вторникот ослободил нов бран на радијација што се почувствувал дури во Токио, на 240 километри на југ. По изгаснувањето на пожарот се појавиле облаци од бел чад од реакторот број 3.

На прес-конференција во Токио, Едано кажа дека чадот веројатно бил пареа што излегувала од комората на нуклеарното средиште.

Едано кажа дека екипаж од околу 50 работници кои се` уште се труделе да пумпаат морска вода на нуклеарните прачки на сите шест реактори во централата, биле повлечени заради нивна безбедност, но нивото на радијација до средина на денот се намалила.

XS
SM
MD
LG