Линкови за пристапност

Киднаперот на трите жени се појави пред суд


На невработениот Ариел Кастро му е одредена кауција од осум милиони долари за да биде на слобода до судењето.

Поранешниот возач на училишен автобус, обвинет за држење затворени три жени една деценија откако ги киднапирал, се појави на суд. Судијата постави висока сума на кауција во случајот.

Ариел Кастро ништо не кажа за време на рочиштето и гледаше надолу. Судија во Кливленд, Охајо, одреди кауција од осум милиони долари, ако сака да биде на слобода до судењето, што е тешко веројатно дека невработениот Кастро ќе може да ја обезбеди.

Обвинителот кажа дека Кастро ги чувал врзани и сексуално ги злоставувал жените од 2002 наваму, во неговата куќа. Обвинителот вели дека жените никогаш не биле слободни да ја напуштат куќата.

Кастро е обвинет по три основи, за киднапирање и силување на Аманда Бери, Џина Деџизус, и Мишел Најт. Сите три биле киднапирани како тинејџерки или рани 20-ти.

Кастро исто така се соочува со четврто обвинение, за киднапирање на шестгодишната ќерка на Бери, родена во такво ропство. Полицијата изврши генетичко тестирање за одредување кој е таткото на детето.
XS
SM
MD
LG