Линкови за пристапност

Тест за откривање на креативноста


Тим научници развил едноставен тест со именки и глаголи кои помагаат да се идентификуваат креативни способности кај луѓето.

Кога ќе кажам „стол“ на кој глагол помислувате? Вашиот одговор може да открие колку сте креативни.

Неврологот Џереми Греј од Државниот универзитет на Мичиген развил едноставен тест со зборови за мерење на креативноста. Опишан е во журналот Behavior Research Methods.

Неговиот тим на 193 учесници им покажал серија именки и побарал од нив да одговорат креативно на секоја од нив со глагол. „Стол“ на пример, може да наведе на „седи“ или покреативно „стои“. Од учесниците исто така било побарано да напишат приказни и да цртаат цртежи. Оние кои дале креативни одговори на тестот именка-глаголисто така биле оценети како најкреативни во потрадиционалните области.

Греј и неговиот тимсега даваат вакви тестови на учесници додека се се во машина за скенирање (МРИ) во обид да ги идентификуваат деловите на мозокот кои се осветлуваат кога се бара креативност. Нивните наоѓања со време може да им помогнат на ученици, претприемачи, научници и на секој што зависи од иновативно размислување.
XS
SM
MD
LG