Линкови за пристапност

Амал Клуни ќе биде наградена за нејзиниот придонес за слободата на печатот


Фондацијата Клуни следи судења на новинарите ширум светот и обезбедува бесплатна правна помош за оние кои имаат потреба од тоа

Меѓународната организација за заштита на медиумите CPJ ги објави плановите да ѝ оддаде признание на адвокатката за човекови права Амал Клуни заради одбрана на новинарите кои се соочуваат со кривично гонење како резултат на нивната работа.

Комисијата за заштита на новинарите [[https://cpj.org/]] (CPJ), со седиште во Њујорк, денеска соопшти дека Клуни ќе биде наградена за нејзиниот придонес за слободата на печатот на настан на кој новинари од Бангладеш, Иран, Нигерија и Русија ќе бидат наградени заради тоа што известуваат и покрај тоа што се соочуваат со апсења или закани за одмазда.

„CPJ одликува храбри и посветени новинари насекаде, подготвени да известуваат без страв или корист, а во интерес на нивните заедници, нивната држава и светот“, рече извршниот директор на CPJ, Џоел Симон.

„Тие сфаќаат дека ќе се спротивстават на моќни сили, непријатели на вистината, кои ќе се обидат да ги спречат да ја извршуваат нивната работа“, додаде тој. „Она што тие не го предвидоа беше КОВИД-19. Глобалната пандемија не само што ја направи нивната работа потешка и опасна; тоа поттикна жесток удар на слободата на печатот бидејќи автократските лидери ширум светот ги потиснуваат несаканите вести под маската за заштита на јавното здравство “.

Клуни со години работи на про-боно застапување за новинари кои се соочени со законски закани за нивната работа, вклучувајќи ги и новинарката со седиште во Манила, Марија Реса и новинарите на Ројтерс со седиште во Мјанмар, Ва Лоне и Киа Соео.

Наградите ќе бидат доделени на годишен гала настан на 19 ноември, каде на Клуни ќе му биде врачена наградата за слобода на печатот Гвен Ифил за нејзината извонредна и постојана посветеност за слободата на печатот.

„Новинарите во неволја немаат подобар заштитник од Амал Клуни“, рече Кетлин Керол од CPJ, додавајќи дека таа е „талентирана адвокатка, надарена преговарачка и моќна говорничка. Клуни неуморно работи на ослободување на неправедно затворени новинари.“

Фондацијата Клуни следи судења на новинарите ширум светот и обезбедува бесплатна правна помош за оние кои имаат потреба од тоа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG