Линкови за пристапност

Трамп денес зборува пред илјадници конзервативци


На Конференцијата за конзервативна политичка акција потпретседателот кажа: „Белата куќа на Трамп е во бизнис на одржување на ветувањата“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп штотуку се обрати пред илјадници конзервативци на третиот и последен ден на годишниот собир на конзервативците, конференција позната по кратенката CPAK, што овој пат се одржува во близина на Вашингтон. Неговото појавување предизвика стоечки овации.

Потпретседателот Мајк Пенс зборуваше вчера, потенцирајќи пред колегите дека „Белата куќа на Трамп е во бизнис на исполнување на ветеното“.

Пенс е највисоко рангиран републиканец кој досега се обратил пред овој собир.

Републиканците пристигнаа во хотел во Мериленд, на Националното пристаниште, во одлично расположение и полни со енергија, благодарение и на фактот што за прв пат за изминативе десет години републиканците ја имаат контролата во двата дома на Конгресот и на Белата куќа.

Во она што звучеше како кампањски говор, Пенс својот шеф, Претседателот Трамп, го нарече „човек со убедувања, визија и храброст“ и рече дека Трамп веќе ги исполнува ветувањата кои ги дал на Американците за време на кампањата.

Пенс рече дека медиумите и демократската опозиција се` уште се обидуваат да го обезначат Трамп и конзервативното движење. Но, тој рече дека сега е време да се покаже дека конзервативните одговори се најдобри одговори за државата - повеќе работни места, помалку даноци, силна армија и почит за Уставот.

Претходно истиот ден, главниот стратег на Белата куќа Стив Бенон рече дека медиумите се против „економската и националистичка агенда“ на Трамп, предупредувајќи дека „секој ден ќе биде борба“.

На Бенон му се придружи Шефот на кабинет на Трамп, Рајнс Прибус. Тој кажа дека претседателот ги обединил републиканците и конзервативците со различни уверувања, посочувајќи на себе и на Бенон како пример.

Додека конзервативните републиканци се собрани во Мериленд, опозициските демократи се собираат во Атланта, каде што во сабота ќе изберат нов лидер на Демократскиот национален комитет.

XS
SM
MD
LG