Можеби никогаш нема да има „сребрен куршум“ за да се запре ширењето на коронавирусот, соопшти Светската здравствена организација.
„Голем број вакцини сега се наоѓаат во трета фаза клинички студии, и сите се надеваме дека ќе имаме ефективни вакцини што можат да помогнат во спречувањето на инфекцијата.
Сепак, во моментот нема сребрен куршум и можеби нема да има никогаш“, рече д-р Тедрос Аданом, шеф на СЗО, во понеделникот во брифинг за медиумите.
Шефот на СЗО ги повика сите држави и поединци „да направат се“ - наведувајќи тестирања, следење на контактите, социјално растојание и носење маски - како некои од неопходните мерки што мора да продолжат да се практикуваат за да се запре ширењето на вирусот.
Коментарите доаѓаат како што бројот на потврдени инфекции и смртни случаи од КОВИД-19 продолжува да расте низ целиот свет.
Вкупниот број потврдени случаи надмина 18 милиони, според ресурсниот центар Џон Хопкинс.
Facebook Forum