Светската здравствена организација соопшти дека 60% од вкупно 10 милиони случаи на коронавирус во светот досега, се регистрирани во јуни - знак дека пандемијата се влошува и не забавува.
Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, во средата изјави дека повеќе од 160,000 нови случаи се пријавуваат секој ден.
СЗО истакна дека државите мора да имаат „сеопфатен пристап“ во борбата против вирусот, наместо фрагментиран како досега.
Тој рече дека државите мора да имаат „сеопфатен пристап“ во борбата против вирусот, наместо фрагментиран како досега.
„Пронајдете, изолирајте, тестирајте и грижете се за секој случај, следете го и ставете го во карантин секој контакт, обучете ги здравствените работници“, рече тој.
„Не треба само да тестирате. Не треба само физичко дистанцирање. Не треба само да ги следите контактите. Не треба само носење маски. Туку сето тоа треба да се прави заедно, наеднаш“, рече Тедрос.
Тој рече дека една од научените лекции во изминатите шест месеци е дека „никогаш не е доцна ... без разлика во каква состојба се наоѓа една држава, ситуацијата може да се промени на подобро“.
Тедрос истакна дека носењето маски спасува животи. Претседателот на САД, Доналд Трамп, допрва треба да биде виден како носи маска во јавност. По неколку месеци отфрлање на идејата за носење маска, Трамп во средата изјави дека сега нема да има „проблем“ да носи маска.
„Кога би бил во тесна ситуација со луѓето, апсолутно би носел“, изјави претседателот за „Фокс Бизнис Њус“.
Но, Трамп рече дека се сомнева дека носењето маска треба да биде задолжително и повтори дека верува дека Ковид-19 сам ќе „исчезне“ во одреден момент. Меѓутоа, медицинските експерти веруваат дека вирусот ќе остане, исто како вирусот што предизвикува обична настинка.
Facebook Forum