Нов Зеланд денеска го објави својот трет потврден случај на коронавирус во текот на оваа недела, што ја поттикна владата да ги засили рестрикциите за оние што влегуваат во државата, откако претходно прогласи дека локалниот пренос на вирусот е искорен.
Сите три случаи вклучуваат луѓе кои со авион допатувале во Нов Зеланд од друго место во светот. Последниот случај е од Пакистан и инфицираниот маж е во карантин.
Повеќе од десетина американски држави го пријавија својот најголем број нови случаи во последните неколку дена, додека бројот на смртни случаи во земјата продолжува да опаѓа.
Властите работат на пронаоѓање на неговите контакти, како и на контактите на двете жени кои допатуваа со авион од Велика Британија и беа тестирани позитивно откако им беше дозволено порано од предвиденото да го напуштат карантинот рано за да посетат болен роднина.
Во меѓувреме расте загриженоста поради зголемувањето на бројот на случаи во други делови на светот.
Индија денеска објави 12.881 нови потврдени случаи, што претставува најголем дневен пораст на инфекции за време на пандемијата. Земјата сега има околу 367.000 потврдени случаи, заостанувајќи само зад САД, Бразил и Русија.
Повеќе од десетина американски држави го пријавија својот најголем број нови случаи во последните неколку дена, додека бројот на смртни случаи во земјата продолжува да опаѓа.
Оклахома, каде претседателот Доналд Трамп е предвидено да одржи политички митинг в сабота во градот Тулса, во средата пријави 259 нови случаи во текот на претходните 24 часа.
„КОВИД не е завршена приказна. Вирусот е овде и се пренесува многу ефикасно во нашата заедница“, рече Брус Дарт, највисокиот здравствен претставник на Тулса, во средата. „Ако сте во јавност, носете маски, одржувајте социјална дистанца, внимавајте на миењето на рацете и хигиената и останете безбедни и здрави“.
Тексас во средата објави 3.100 нови случаи на KОВИД-19, што претставува нов рекорд за државата, додека Калифорнија за прв пат надмина 4.000 нови потврдени случаи за еден ден.
Според податоците од универзитетот Џон Хопкинс, регистрирани се 840 нови смртни случаи од КОВИД-19. Средата го одбележа седмиот ден по ред во кој бројот на починати од коронавирусот во САД беше под 1.000 лица.
Њујорк е најтешко погодената држава од коронавирусот, но гувернерот Ендрју Куомо во средата истакна дека има напредок. „Поминавме од најлошата до најдобрата стапка на инфекција во државата“, рече тој.
Кумо рече дека имало 17 смртни случаи пријавени во вторникот, поради што тој изјави дека тоа е еден од најдобрите денови во државата од почетокот на пандемијата.
Facebook Forum