Линкови за пристапност

СЗО: Кризата со КОВИД-19 може да заврши пред да биде достапна вакцината


Директорот на Светската здравствена организација за Европа вели дека кризата со КОВИД-19 не мора да заврши со вакцина, туку со тоа што општеството ќе научи како да живее со неа.

Во интервју за британскиот радиодифузер Скај њуз во средата, директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуж, рече дека владите кои преземаат активна лидерска улога и ги прифаќаат јавните здравствени и социјални мерки ќе имаат најголем успех во надминувањето на кризата на КОВИД-19. Тој рече: „Тоа може да се случи утре“.

Клуж рече дека разбира дека економиите се сериозно повредени од ограничувањата, но посочи дека секој пристап има свои ризици.

Како и многу други здравствени експерти, Клуж предвидува нови пикови на КОВИД-19 и хоспитализации како што се приближуваат постудените месеци, а луѓето ќе бидат во затворено. Но, тој рече дека нема да биде како на почетокот на пандемијата кога владите беа изненадени.

Тој рече: „Сега, ние сме насочени на вирусот. Можеме да управуваме со преносот, да управуваме со нашите економии и да го отвориме секторот за образование и тоа се добри вести “.

Клуж рече од таа причина, тој е оптимист дека иако вирусот нема да исчезне, нациите сега имаат алатки да се справат со него. Тој рече дека луѓето мора да продолжат да избегнуваат масовни собири, да користат маски и да се подобри капацитетот за тестирање, заедно со следење, а локалните карантини мора да бидат опција.

Тој рече: „Треба да бидеме подготвени за ова на позитивен начин“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG