Линкови за пристапност

СЗО: Пандемијата бележи нагорна линија деветта недела по ред


Има повеќе случаи на заразени со ковид последниве две недели отколку во првите шест месеци на пандемијата

Случаите со ковид ширум светот се зголемуваат веќе деветта недела по ред, а смртните случаи се зголемуваат веќе шеста недела, изјави д-р Тедрос Аданом Гебреизус, генералниот директор на Светската здравствена организација, на информативната сесија на земјите-членки.

„Повеќе случаи на ковид се пријавени на глобално ниво во последните две недели отколку во првите шест месеци од пандемијата. Во текот на последните неколку недели, земјите во секој регион на СЗО покажаа постојан нагорен тренд на заразени и смртни случаи. Сега не е време да се опуштиме, дури и за земјите што сега забележуваат пад“, рече тој.

Епидемијата на ковид продолжува да ја опустошува Индија, ставајќи го премиерот Нарендра Моди под притисок да ја затвори земјата за да се стави пандемијата под контрола.

Потребна е „координирана стратегија низ целата земја“, изјави за Асошиејтед Прес, Сринат Реди, претседател на Фондацијата за јавно здравје на Индија. Тој рече дека затворањата што ги наметнаа некои индиски држави не се доволни во битката да се победи пандемијата во Индија.

Министерството за здравство на Индија во петокот објави рекордна статистика за претходниот 24-часовен период - 414.188 нови случаи со ковид и 3.915 смртни случаи.

На Австралијците на кои им е забранет влез во нивната земја, доколку патувале во Индија, ќе им биде дозволено да се вратат дома почнувајќи од 15-ти мај, изјави денес австралискиот премиер Скот Морисон.

Пандемијата однесе повеќе од 3,2 милиони животи ширум светот, објави денес центарот Џонс Хопкинс. Според Хопкинс, САД имале најмногу смртни случаи, со над 580 илјади лица. Бразил е на втората позиција со скоро 417 илјади, а по неа следи Индија со 230 илјади смртни случаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG