Линкови за пристапност

Виртуелните политички конвенции стануваат реална алтернатива


Ако поради пандемијата на коронавирусот големите настани бидат откажани ова лето, може да бидат исто така погодени и американските политички конвенции.

Наместо четиридневен фестивал кој вообичаено ги полни спортските арени, виртуелна конвенција би поврзала илјадници делегати од сите 50 држави и американски територии, за да гласаат за сè, од правилата на политичката партија до изборот кој ќе се кандидира за претседател - сето тоа би се одвивало на платформа слична на Зум.

Двете партии би требало да одржат конвенции во периодот од средината до крајот на август, при што демократите ќе се соберат во Милвоки, Висконсин, а по нив ќе се соберат републиканците во Шарлот, Северна Каролина.

Во овој момент не постои начин да се знае како точно ќе се одвиваат конвенциите


Претпоставениот демократски кандидат за претседател, Џо Бајден, навести дека неговата партија можеби ќе се определи за виртуелна конвенција ако пандемијата продолжи да беснее, додека претседателот Доналд Трамп рече дека неговата партија ќе се собере да го номинира за втор мандат.

Но, во овој момент не постои начин да се знае како ќе се одвиваат конвенциите, а политичарите и политичките аналитичари интензивно шпекулираат за тоа како може да изгледа една виртуелна конвенција.

„Има два аспекта на ова. Правен и политички“, вели Елејн Камарк од Демократскиот национален комитет. Таа вели дека „правно, мора да имате конвенција“.

„Конвенциите се одлични свечени прилики за собирање на истомислениците и обединување на партијата околу кандидатот, во пресрет на кампањата на есен“, вели Лара Браун од Додипломската школа за политички менаџмент на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Браун верува дека виртуелната конвенција треба да вклучува најмалку три различни аспекти. „Треба да постои една сигурна платформа за делегатите да можат да гласаат ... друг вид платформа за партиципативен ангажман. Тогаш мислам дека треба да постои трета платформа која се однесува на продукцијата, продукцијата на емисијата“, рече таа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG