Линкови за пристапност

Франција го преиначи курсот за користење на вакцината АстраЗенека за лица постари од 65 години


Франција сега ќе вакцинира луѓе на возраст од 65 и постари со вакцината против Ковид-19 заеднички развиена од Универзитетот Оксфорд и британско-шведскиот произведувач на лекови АстраЗенека.

Одлуката беше соопштена во вторник од Министерот за здравство Оливиер Веран за време на телевизиско интервју. Веран кажа дека никој постар од 50 години со претходни здравствени проблеми нема да ја прими вакцината Оксфорд-АстраЗенека, „вклучувајќи ги и оние меѓу 65 и 74.“

Франција беше меѓу многуте европски држави кои одбија да ја одобрат вакцината Оксфорд-АстраЗенека за нејзините постари граѓани. Развивачите на вакцинаата не вклучија многу луѓе во тие возрасни групи за нивните големи клинички испитувања, што доведе до недоволно податоци за потенцијална ефикасност на вакцината. Францускиот претседател Емануел Макрон дури отиде дотаму што ја опиша вакцината како „квази-неефикасна“.

Но, здравствените власти велат дека понатамошните податоци од клиничките испитувања ја докажале нејзината ефикасност кај постарите луѓе. Пресвртот сигурно ќе предизвика забавена кампања за вакцинација во Франција, и заради недостигот на вакцини од Фајзер-БиоНТек и Модерна.

Промената на ставот на Франција се совпаѓа со студија во реално време изведена во Велика Британија, според која вакцините против Ковид-19 развиени од Фајзер-БиоНТек и од Универзитетот Оксфорд-АстраЗенека се многу ефикасни во заштитата на постарите луѓе од оваа болест откако добиле само една доза.

Истражувачите од јавното здравство во Англија велат дека соодветните вакцини со две дози се повеќе од 80% ефикасни во спречување на лица во нивните 80-ти години од хоспитализација околу три до четири недели по администрирањето на само една доза.

Студијата исто така открила дека првата доза на вакцината Фајзер-БиоНТек била ефикасна помеѓу 57% и 61% во спречување на инфекции со Ковид-19 кај луѓе на најмалку 70 години, додека вакцината Оксфорд-АстраЗенека била ефективна помеѓу 60% и 73% .

Студијата, објавена на интернет во понеделникот, не помина низ вообичаен процес на рецензија од колеги. Велика Британија беше првата европска земја што ја одобри вакцината Оксфорд-АстраЗенека за сите свои граѓани, без оглед на возраста.

Во САД, д-р Антони Фаучи, шеф на Националниот институт за алергија и инфективни болести, за „Вашингтон пост“ во вторникот изјави дека САД ќе се држат до режимот со две дози и на вакцините Фајзер-БиоНТек и Модерна.

Се поголем број експерти за јавно здравје ги повикуваат владините здравствени службеници да ги користат милионите дози наменети да бидат втора доза наместо да се користат како први дози, бидејќи милиони возрасни Американци не беа инокулирани поради акутен недостиг на вакцини.

Но, д-р Фаучи предупреди дека преминот кон стратегија за една доза може да ги остави луѓето помалку заштитени и да овозможи ширење на зголемениот број варијанти.

Водечкиот експерт за заразни болести во нацијата за „Пост“ вели дека „јазот меѓу понудата и побарувачката ќе се намали и потоа ќе се надмине“ многу брзо кога и „Фајзер“ и „Модерна“ ќе ја исполнат својата обврска да обезбедат 220 милиони дози до крајот на март, заедно со ветувањето на „Џонсон и Џонсон“ овој месец да испорача 20 милиони дози од својата еднократна вакцина.

Светската здравствена организација соопшти дека новите случаи на коронавируси се зголемиле на глобално ниво за прв пат во седум недели, а официјалните лица изразија загриженост дека случаите повторно може значително да пораснат.

Предупредувањата доаѓаат по наглиот пад на случаи на коронавирус и смртни случаи во многу делови на светот, што заедно со развојот на вакцините доведе до надеж дека ширењето на коронавирусот ќе продолжи во надолен тренд.

Во САД, здравствените власти предупредуваат дека може да се појави нов наплив на случаи, бидејќи се почести се новите и поинфективни варијанти на коронавирусот што предизвикува Ковид-19.

Новиот тренд на нагорна линија во случаите доаѓа и како резултат на тоа што повеќето држави ги олеснуваат мерките за заштита.

XS
SM
MD
LG