Линкови за пристапност

Компанијата „АстраЗенека“ го паузира тестирањето на вакцината против ковид-19 поради појава на болест кај волонтер


Компанијата рече дека паузата е рутинска постапка, која се случува секогаш кога ќе се појави потенцијално необјаснива болест во една од фазите на тестирање

Фармацевтскиот гигант „АстраЗенека“ ги паузира глобалните тестирања на вакцината против ковид-19, бидејќи доброволен учесник во тестовите станал болен отакако го зел експерименталниот лек.

Компанијата објави соопштение во кое се вели дека пауза во тестирањето е „рутинска постапка, која треба да се случи кога и да се појави потенцијално необјаснива болест во една од фазите на тестирање, додека се истражува, за да се зачува интегритетот при тестирањата“.

„АстраЗенека“ разви вакцина во соработка со Универзитетот Оксфорд. Вакцината е во втора и трета фаза на тестирање во неколку држави, меѓу кои САД, Британија, Бразил, Јужна Африка и Индија. Вакцината е во трета фаза на тестирање во САД.

Компанијата не ја откри природата на болеста на волонтерот, но, според извештај на Њујорк тајмс, волонтерот се наоѓа во Британија и бил дијагностициран со воспаление на ‘рбетен мозок.

Весникот објави дека сепак не е познато дали болеста е директно поврзана со вакцината.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG