Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баусер, соопшти дека Дистриктот Колумбија во петок ќе ја укине наредбата за седење дома заради превенција од Ковид-19, иако посочи дека тоа е прва фаза од процесот во кој треба да бидат олеснети сите ограничувања.
На брифингот за медиумите, Баусер рече дека одлуката е донесена врз основа на намалувањето на бројот на инфицирани во последните 14 дена, болничките капацитети, снабдувањето со лична заштитна опрема во главниот град на САД и други фактори.
Таа зборуваше за ваквиот потег нагласувајќи дека сепак е потребна претпазливост, велејќи дека „во крајна линија сакаме да потенцираме дека овој вирус сè уште е во нашиот град, во нашиот регион и во нашата држава“.
Додека обврската за носење на маски и одржување на социјално растојание останува, првата фаза ќе им овозможи на рестораните и таверните да продолжат со послужување гости на отворено, фризерските салони ќе се отворат и ќе работат со закажани термини без чекање, а несуштинските трговци на мало ќе можат да понудат ограничена продажба.
Парковите, тениските терени и парковите за кучиња може да се отворат, но не и јавните базени, центрите за рекреација и игралиштата. Контактните спортови ќе останат забранети.
Некои бизниси, вклучително и сали за вежбање, сауни, продавници за облека, барови и цвеќарници мора да останат затворени.
Собирите на повеќе од десет лица сè уште се забранети.
Баусер рече дека очекува дека преминувањето во фаза еден значи дека повеќе луѓе ќе бидат заразени затоа што повеќе луѓе ќе се движат наоколу во заедницата.
Таа рече дека градот - преку тестирање - мора да се фокусира на идентификување кој има KОВИД-19 или кој е изложен на КОВИД-19 и да се осигура дека тие луѓе се изолираат за да престане ширењето на вирусот.
Во изминатите 24 часа имало 72 нови случаи во Вашингтон, со што вкупниот број достигна 8.406 инфицирани
Рече и дека градот исто така ангажирал трагачи на контакти за да помогне во сузбивањето на КОВИД-19. Таа истакна дека ако некој има потреба од тест, треба „да добие тест“.
Според упатствата на Фазата еден во градот, само оние кои имаат симптоми или контактирале со секој кој тестирал позитивно на КОВИД-19, може да се тестираат, со упат од лекар.
Градоначалничката рече дека во изминатите 24 часа имало 72 нови случаи во Вашингтон, со што вкупниот број достигна 8.406 и уште петмина жители на главниот град починале поради КОВИД-19, со што бројот на жртви достигна 445.
Facebook Forum