Линкови за пристапност

Спротивставени проценки за пандемијата на коронавирусот во САД


Претседателот на САД, Доналд Трамп во понеделникот ja критикуваше клучната советничка за коронавирус во Белата куќа, откако таа изјави дека инфекцијата е „исклучително распространета“ во руралните области на државата и во градовите.

Трамп, во порака на Твитер, рече: „Голем дел од нашата држава функционира многу добро. Отворете ги училиштата! “

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1290257055534551043?cxt=HHwWhsCggZf99OcjAAAA

Неговата проценка дојде еден ден откако д-р Дебора Биркс, координатор на групата за борба против коронавирусот во Белата куќа, за Си-Ен-Ен изјави: „Ние сме во нова фаза. Она што го гледаме денес е различно од март и април. До секој што живее во рурална област: Вие не сте имуни или заштитени од овој вирус “.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, во неделата за Еј-Би-Си изјави дека нема доверба во претходните проценки на Биркс пред неколку недели дека вирусот се повлекува во САД пред новиот бран што се разви во средината на јуни.

„Мислам дека Претседателот шири дезинформации за вирусот и таа е именувана од него, така што јас немам доверба“, рече Пелоси.

Трамп во порака на Твитер напиша: „Така лудата Ненси Пелоси рече ужасни работи за д-р Дебора Биркс, одејќи по неа затоа што таа беше премногу позитивна на многу добрата работа што ја работиме во борбата против кинескот вирус, вклучувајќи ги и вакцините и терапијата. За да се спротивстави на Ненси, Дебора ја зеде мамката и нè удри. Патетично!“

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1290282508303716352?cxt=HHwWgMC-9dzGgOgjAAAA

Значително поповолниот поглед на Трамп за тоа како САД се справуваат со вирусот доаѓа во пресрeт на тешкиот натпревар за реизбор на 3 ноември против демократскиот опонент, поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој со недели водешe на анкетите на јавното мислење.

Додека Трамп тврдеше дека е „претседател“ кој се бори против пандемијата на коронавирусот, Бајден возврати дека Трамп ја напуштил борбата против болеста.

САД досега регистрираа скоро 155,000 смртни случаи поради коронавирусoт и повеќе од 4,6 милиони потврдени инфекции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG