Линкови за пристапност

Пет милијарди долари дополнителна помош за старечките домови во САД заради пандемијата


САДдостигнаа уште еден несакан рекорд во средата, забележувајќи повеќе од илјада смртни случаи втор последователен ден. Калифорнија сега го помина Њујорк со бројот на потврдени случаи на заболени со коронавирусот. Оваа западна држава има повеќе од 422.000 случаи, вклучувајќи и повеќе од 12.100 само во средата, што е рекорд за еден ден, додека Њујорк има повеќе од 413.000.

Претседателот Доналд Трамп соопшти дека американската влада ќе обезбеди дополнителни пет милијарди долари помош, опрема и обука за старечките домови во државата, од кои многу се жешки точки во пандемијата со коронавирусот.

Според федерални проценки, на жителите во старечките домови отпаѓаат отприлика 37.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19.

Доцна вечерта во среда сенатските републиканци и Белата куќа кажаа дека постигнале тентативен договор за следниот пакет помош заради коронавирусот, што ќе обезбеди околу еден трилион долари. Легислативата се очекува во текот на денот.

XS
SM
MD
LG