Морнарицата на САД ќе испрати болнички брод со 1.000 кревети на пристаништето во Њујорк, за да му помогне на градот во справување со коронавирусот.
„Ова е одличен потег, буквално е подвижна болница и ќе придонесе во зголемување на капацитетот“, изјави гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо.
Во сојузната држава Њујорк досега има 2.382 потврдени случаи на коронавирус.Таа го зголеми бројот на тестови на ден до 15.000, и очекува овој број да расте.
Околу 23 проценти од позитивните случаи на коронавирус се хоспитализирани, а гувернерот рече дека 108 пациенти досега се излечени и пуштени дома.
Куомо нагласи дека тој и претседателот Доналд Трамп ја водат истата војна, нагласувајќи дека болничкиот систем во Њујорк се очекува да биде преоптоварен, како што расте бројот на заразени.
Тој рече дека бара начини како да изгрдат повеќе кревети и да ангажираат повеќе здравствени работници, за што ќе биде потребна федерална помош.
Претседателот Трамп ги поздрави напорите на гувернерот на Њујорк во справување со пандемијата.
Facebook Forum