Линкови за пристапност

Истекува времето за американската армија да ги изгради привремените болници пред пикот на КОВИД-19


Повеќе од 28.000 припадници на Националната гарда се вклучени во активностите како одговор на коронавирусот

Првиот човек на Армискиот корпус на инженери предупредува дека на неговиот тим „почнува да му истекува времето“ за да изгради нови привремени болници со цел да ги прошири капацитетите за борба против коронавирусот низ целата држава.

Генералот Тод Семонит, изјави пред новинарите во средата дека армијата треба да започне со изградба на привремените болнички капацитети „веројатно за една недела“ за да ги заврши пред бројот на случаи на коронавирусот да го достигне врвот.

До средата, 2.928 случаи ширум светот биле поврзани со американската војска.


Армискиот корпус на инженери приспособува 17 објекти на национално ниво во болници, со вкупно околу 15.000 легла. Во тек е работата на повеќе од 20 други објекти, со помош на кои може да се обезбедат дополнителни околу 8.500 легла.

Семонит рече дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби, како и локалните и државните власти, на крајот ќе мора да одлучат што да прават со привремените болници што ги граделе инженерите на армијата, откако ќе мине пикот на пандемијата на КОВИД-19.

Американските војници можат да помогнат во демонтирањето на привремените болници или да ги остават за потенцијална повторна појава на коронавирусот на есен.

Повеќе од 28.000 припадници на Националната гарда се вклучени во активностите како одговор на коронавирусот со тоа што учестуваат во организирање на локални пунктови за тестирање и дистрибуирање на медицински материјали и храна. Дополнителни 10.000, најверојатно, ќе бидат ангажирани во наредните денови.

До средата, 2.928 случаи на коронавирус ширум светот биле поврзани со американската војска.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG