Линкови за пристапност

Повеќе од 300 илјади Американци умреле од Ковид-19 во годината на пандемија


Германија апелира до регулаторите на лекови во ЕУ да ја одобрат вакцината пред Божиќ

САДнадминаа 300.00 смртни случаи од Ковид-19 во понеделникот - истиот ден кога првиот Американец беше вакциниран против коронавирусот што ја предизвикува оваа болест.

Ужасната бројка се појави на околу две недели откако милиони Американци не ги почитуваа предупредувањата да избегнуваат патувања и собири за Денот на благодарноста.

Според Центарот за ресурси на коронавирусот Џонс Хопкинс, до понеделникот попладне 300.494 Американци починале од Ковид-19, болест предизвикана од коронавирусот.

САД сочинуваат речиси 1 на 5 смртни случаи во светот од Ковид-19.

САД, исто така, поставија нов рекорд во понеделникот со над 110.549 хоспитализации, според Проектот за следење на Ковид-19 [[https://covidtracking.com/data]].

Германскиот министер за здравство ја повика регулаторната агенција на Европската унија брзо да одобри нова вакцина за Ковид-19 бидејќи континентот се соочува со нови ригорозни мерки за спречување на ширењето на болеста.

Министерот за здравство Јенс Спан ја повика Европската агенција за лекови доцна во вторникот да даде конечно одобрување на вакцината што заеднички ја развија американскиот производител на лекови „Фајзер“ и германскиот „БиоНТех“ до Божиќ. Вакцината во моментов се дистрибуира во Велика Британија и САД, откако владините регулатори брзо ја одобрија нејзината употреба по темелен процес на ревидирање.

Но, шефот на агенцијата Емер Кук, во понеделникот рече дека регулаторите нема да се состанат до 29 декември за да решаваат за одобрување на вакцината, инсистирајќи дека регулаторите работат 24 часа на ден за да ја завршат евалуацијата на податоците од големи клинички испитувања на Фајзер.

Јавниот апел на Спан дојде еден ден откако канцеларката Ангела Меркел воведе нов пакет мерки на ограничувања што треба да стапат на сила во среда и ќе траат до 10 јануари, за да се запре наглиот пораст на случаите на Ковид-19 во земјата. Меркел и 16-те регионални гувернери на земјата во неделата се согласија да затворат несуштински деловни активности и да ги ограничат приватните собири на не повеќе од пет лица.

Владата ги повикува граѓаните да избегнуваат божиќен шопинг во двата дена пред да се затворат повеќето продавници и да се заострат правилата за социјално дистанцирање.

Германија континуирано бележивисоки бројки на потврдени инфекции и смртни случаи во последните неколку недели. Институтот Роберт Кох - централен центар за контрола на болести во земјата - во понеделникот објави дека има 16.362 нови случаи и нови 188 смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 21.975. Минатата недела, дневните бројки на смртни случаи се искачија на скоро 600 случаи за еден ден.

Германија има повеќе од 1.357.261 потврден случај на Ковид-19, и 22.637 смртни случаи, според Џонс Хопкинс.

Лондон исто така влегува во построг статус на затворање оваа недела поради порастот на нови случаи во британската престолнина.

Секретарот за здравство Мет Хенкок во понеделникот за време на парламентарното обраќање објави дека Лондон минува од статусот на „висока подготвеност“, ниво 2, во највисокиот статус, ниво 3, што влегува во сила во среда на полноќ. Новите рестрикции бараат сите пабови, кафулиња и ресторани да бидат затворени и за доставување.

Хенкок им соопшти на пратениците дека во југоисточна Англија е идентификувана нова варијанта на коронавирусот, поврзана со 1.000 случаи во регионот.

Во Јапонија, новото истражување на јавното мислење најде дека мнозинство претпочита целосно откажување на Летните олимписки игри следната година, кои требаше да се одржат во јули оваа година, но беа одложени поради пандемијата.

Но, гувернерката на Токио, Јурико Коике за агенцијата Франс Прес изјави дека не гледа „никакви околности“ под кои презакажаните Олимписки игри би биле откажани. Гувернерката рече дека судбината на игрите во Токио ќе влијае на идните Олимписки игри, вклучително и на Зимските игри во Пекинг во 2022 година и на Летните олимписки игри во Париз на 2024 година.

XS
SM
MD
LG