Во САД, кои објавија над 60.000 нови инфекции во понеделникот, повеќе од триесеттина држави секојдневно забележуваат драматичен пораст на бројот на нови случаи на коронавирус, принудувајќи голем број од нив да ги променат плановите за повторно отворање на економиите, откако ги затворија за време на почетната фаза на пандемијата.
Во понеделникот гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, го продолжи затворањето на барови, ресторани, спортски сали, цркви и забавни центри низ целата држава. Соседната држава Орегон забрани собири на повеќе од 10 лица и го направи задолжително носењето на маски за лице.
Додека бројот на потврдени случаи на Ковид-19 ширум светот надминува 13 милиони, вклучувајќи и повеќе од 570.000 смртни случаи, САД велат дека очекуваат да започнат со производство на потенцијални дози на вакцини до крајот на летото.
Каналот за вести од областа на финансиите на Си-Ен-Би-Си со седиште во САД, во понеделникот објави дека висок претставник на администрацијата на Трамп им изјавил на новинарите дека процесот на производство е веќе во тек, иако тие не се сигурни која вакцина - доколку ја има - ќе биде ефикасна. Официјалниот претставник е цитиран велејќи дека тие веќе купуваат опрема и обезбедуваат суровини и места за производство.
Според Си-Ен-Би-Си две компании се вклучени во развојот на потенцијална нова вакцина, Модерна и Џонсон и Џонсон, кои се очекува да започнат со испитувања врз луѓе во доцната фаза за потенцијални вакцини до крајот на месецот.
Нови мерки за социјално дистанцирање, кои стапија на сила во вторникот во Хонг Конг, вклучуваат обврска за задолжително носење на маски за лице за оние кои користат јавен превоз, при што прекршителите подлежат на казни од 645 долари (5000 американски долари во валутата на Хонг Конг). На рестораните им е забрането да нудат услуги во затворен простор после 6 часот попладне, а на спортските сали, кина и караоке барови повторно им е наредено да се затворат бидејќи со нова мерка се ограничуваат групните собири од 50 лица на четири лица.
Во Австралија, јужната држава Викторија денеска регистрираше 270 нови случаи на КОВИД-19, вклучувајќи и два смртни случаи, со што вкупниот број случаи на национално ниво се искачи до 10.251, при што има вкупно 110 смртни случаи. Главниот град на Викторија, Мелбурн е во првата недела од шестнеделниот карантин наметнат поради алармантното ширење на бројот на нови случаи на КОВИД-19. На жителите им е наредено да останат дома, освен ако не одат на работа, училиште, на лекар или да купуваат храна.
Носењето маски за лице во супермаркетите и продавниците во Велика Британија ќе биде задолжително од следната недела, објави во понеделникот канцеларијата на премиерот Борис Џонсон.
Другите европски земји, вклучително и Германија, Грција, Италија и Шпанија веќе наложија покривање на лицето во продавниците.
Германија, Грција, Италија и Шпанија веќе наложија покривање на лицето во продавниците.
Гувернерот на Хаваи, Дејвид Иге, објави во понеделникот дека државата ги одложува плановите за олеснување на мерките за карантин за некои туристи од американското копно. Популарната туристичка дестинација на почетокот на пандемијата за сите посетители наложи задолжителен 14-дневен карантин. Владата планираше да направи исклучок за секој што се тестираше негативен на КОВИД-19 во текот на 72 часа до нивното заминување, почнувајќи од 1 август.
Тој ги одложи ревидираните правила до 1 септември, поради драматичен пораст на бројот на нови случаи во многу држави, за што рече, исто така, предизвикало сериозни одложувања во тестирањето.
Facebook Forum