Линкови за пристапност

Претставничкиот дом на САД разгледува резолуција за гласање преку полномошник и виртуелно состанување


Претставничкиот дом на САД денеска се состанува за да разговара за резолуцијата со која на законодавците им се дозволува да назначат полномошник за да гласа во нивно име и да им дозволат на комисиите да се состануваат виртуелно.

Резолуцијата ќе им овозможи на членовите на Претставничкиот домот и на сведоците да учествуваат на состаноците на комисиите од далечина, а законодавците да гласаат.


Предложената мерка ќе овозможи поголема флексибилност во работата во Претставничкиот дом во случај на појава како пандемијата на коронавирусот, која донесе мерки кои оневозможуваат средби во големи групи.

Спикерот на Претставничкиот домот најпрво би требало да се изјасни дека е на сила итна состојба поради пандемија, а овластувањето би траело 60 дена.

За тоа време, членот може да достави писмо во кое пишува дека друг законодавец може да го депонира гласот за тој член, откако ќе му бидат дадени точни упатства.

Овие ознаки може да се менуваат или отповикаат во кое било време, а списокот треба да биде достапен за јавноста.

Резолуцијата ќе им овозможи на членовите на Претставничкиот домот и на сведоците да учествуваат на состаноците на комисиите од далечина, а законодавците да гласаат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG