Линкови за пристапност

Американските законодавци се обидуваат да одобрат дополнителна финансиска помош за погодените од коронавирусот


Бројот на Американци кои во моментот се без работа се искачи на околу 17 милиони или скоро 10% од американското население

Американскиот Сенат не успеа во четвртокот да одобри дополнителни средства како помош за американски работници кои се погодени од коронавирусот. Обидот следи по помалку од две недели откако американските законодавци го донесоа најголемиот пакет за економска помош во историјата на земјата.

Привременото затворање на милиони бизниси предизвика историски високо ниво на невработеност


Мерката изготвена од републиканците во Сенатот предвидува дополнителни 250 милијарди американски долари за финансирање на програмата за заштита на платите, програма од 350 милијарди американски долари која е дел од поширокиот пакет за помош поради коронавирусот.

Пакетот за економска помош вреден 2,2 трилиони американски долари беше брзо напишан и донесен од страна на Конгресот кон крајот на минатиот месец, бидејќи деловните активности низ целата земја се тешко погодени од пандемијата поради воведените мерки за останување дома.

Демократите во Конгресот го блокираа најновиот обид, тврдејќи дека МекКонел не ги консултирал доволно во врска со зголемувањето на кварталот од една милијарда долари. Републиканците, пак, го блокираа обидот на демократите да ја зголемат помошта за болниците и локалните власти.

Привременото затворање на милиони бизниси предизвика историски високо ниво на невработеност, при што 6,6 милиони Американци поднесоа барање за помош поради невработеност само минатата недела. Со тоа бројот на Американци кои во моментот се без работа се искачи на околу 17 милиони или скоро 10% од американското население.

Пелоси повика дел од зголемувањето на финансирањето да биде искористено преку организации во заедницата насочени кон помагање на жените, малцинствата и други организации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG